Достапни линкови

Кери: веројатно Кина и Русија и ги читаат моите мејлови


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Кина и Русија, најверојатно ги читаат неговите мејлови. „Тоа е можно. Јас секако ги пишувам имајќи го тоа предвид“, изјави Кери во интервју за американската телевизиска мрежа Си Би Ес, додавајќи: „За жал, живееме во свет каде што голем број земји, вклучувајќи ги Кина и Русија, постојано се ангажирани во сајбер напади против американските интереси, против американската влада“. Русија беше осомничена за последниот упад во системот на приватната електронската пошта на персоналот во Белата куќа.

XS
SM
MD
LG