Достапни линкови

logo-print

Хакери и брокери со измама до 100 милиони долари


Меѓународна мрежа на хакери и брокери вчера била обвинета во Соединетите држави дека со упади во компјутерските системи на новинските агенции, специјализирани за деловни информации, заработила 100 милиони долари. Хакерите ги читале вестите пред нивното објавување и потоа тргувале со тие информации на Вол стрит. Американските власти соопштија дека станува збор за најголема измама од таков вид за која е покренато обвинение, според бројот на учесниците, според количеството на хартиите од вредност со кои незаконски се тргувало и според остварената заработка. Кривични пријави се покренати против девет лица во Соединетите држави и во Украина.

XS
SM
MD
LG