Достапни линкови

Милитантите на ИД ослободиле 22 асиријци


Милитантите на Исламската држава ослободиле дваесетина припадници на асирското христијанско малцинство што ги заробиле пред шест месеци на североистокот на Сирија, соопштија невладини активисти. Ослободените асиријци биле меѓу 200 припадници на таа заедница кои беа киднапирани во текот на офанзивата на милитантите во провинцијата Хасаке. Во ослободувањето на киднапираните посредувале племенски лидери.

XS
SM
MD
LG