Достапни линкови

ЕУ: нападите во Украина го кршат договорот од Минск


Европската унија соопшти дека интензивирањето на нападите во областите кои се под контрола на украинските власти во источна Украина претставуваат кршење на договорот за прекин на огнот постигнат во февруари годинава во Минск. Од друга страна руското министерство за надворешни работи соопшти дека ситуацијата на линијата на фронтот била влошена во последниве денови и побара од Киев да ги запре, како што се наведува, „неодговорните акции“ во источна Украина. На 10 август украинската војска извести за најжестоки гранатирања од страна на проруските бунтовници од постигнувањето на примирјето во главниот град на Белорусија.

XS
SM
MD
LG