Достапни линкови

logo-print

Кери: поништувањето на договорот со Иран, лошо за доларот


Џон Кери

Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека доларот би престанал да биде светска резервна валута доколку Вашингтон се повлече од нуклеарниот договор со Иран и побара од своите сојузници да го следат истото. Ова негово предупредување дојде во рамките на кампањата на администрацијата на претседателот Барак Обама за одбрана на договорот што шестте светски сили го постигнаа со Иран во минатиот месец. Овој договор со кој се предвидува олабавување на санкциите против Техеран во замена за кратење на иранската нуклеарна програма е под критика на Републиканците во Конгресот и Израел кои велат дека со тоа само се одлага можноста на Иран да дојде до нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG