Достапни линкови

Заев: СДСМ на 1 септември се враќа во Парламентот


Зоран Заев

Зоран Заев

Пратениците на СДСМ на први септември ќе го прекинат парламентарниот бојкот и ќе влезат во собраниската сала. Ова го изјави претседателот на оваа партија Зоран Заев наведувајќи дека тоа е со цел да биде усвоен законот за специјалниот обвинител. „Овој закон е клучен во целиот процес, бидејќи од неговата содржина и надлежност ќе зависи и кандидатот што ќе биде избран на оваа позиција“, вели Заев. Враќањето на СДСМ во Собранието е дел од договорот што лидерите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи го постигнаа со посредство на меѓународната заедница.

XS
SM
MD
LG