Достапни линкови

Групата Ахрар ал-Шам го поддржа планот на САД и Турција


Сириска тврдокорна исламистичка организација изрази силна поддршка за планот на САД и на Турција да се постави област во северна Сирија, како потенцијална тампон зона против милитантната група на Исламската држава. Во денешното соопштение ултраконзервативната група Ахрар ал-Шам вели дека зоанта е од витално значење и дека служи на интересите на сирискиот народ. Соопштението сугерира дека групата сака да се постави како главен партнер , кои би можел да работи САД и Турција и да креира зона која ќе биде ослободена од ИД. Групата е една од најмоќните милитантни и бунтовнички фракции и е дел од бунтовничкаат коалиција во која е вклучена и организацијата Нусра фронт, која се поврзува со Ал-Каеда. Коалицијата заплени големи делови од територијата на северозападната провинција Идлиб, што ја контролираа силите на режимот.

XS
SM
MD
LG