Достапни линкови

Грчката полиција тепала мигранти на островот Кос


Полицијата од грчкиот остров Кос денеска тепаше мигранти со палки и ги прскаше со противпожарни апарати, откако градоначалникот предупреди дека мризата со бегалците би можела да се претвори во „крвопролевање.“ Мигрантите, главно Сиријци и Авганистанци биле преместени во локален фудбалски стадион на Кос, откако со недели кампувале на патиштата и плажите. Полицијата употреби палики и противпожарни апарати да спречи тепачки и стампедо, откако толпата од 1500 мигранти се обиде да притисне низ вратата на стадионот за да се регистрира. Вчера, полицаец на Кос беше суспендиран, откако бил снимен како мава шлаканици и турка мигранти кои биле наредени пред полициската станица чекајќи документи за да можат да минуваат низ земјата. Градоначалникот на Кос вели дека околу 7000 нелегални мигранти се на малиот остров со популација од околу 30 илјади жители.

XS
SM
MD
LG