Достапни линкови

Можни докази дека руски проектил го соборил авионот на Малезија ерлајнс


Холандски обвинители велат дека нашле делови кои е можно да се од рускиот ракетен систем „БУК“, на местото каде што во 2014 година беше соборен авионот на Малезија ерлајнс МХ17 во источна Украина, при што загинаа 298 лица. Во соопштението на канцеларијата на холансдскиот национален обвинител, која е вклучена во заедничка меѓународна истрага за трагедијата, се вели дека деловите се од особен интерес за кривичната истрага, бидејќи „можат да обезбедат повеќе информации за тоа кој бил вмешан во соборувањето на авионот.“ Можниот физички доказ од ракетата го поседува холандскиот Одбор за безбедност. Авионот на Малезија ерлајнс минатата година се урна на територијата што ја контролираат проруските сепаратисти во источна Украина.

XS
SM
MD
LG