Достапни линкови

logo-print

За 24 часа издадени над 900 потврди на мигранти


Во изминатото деноноќие издадени се потврди на мигранти за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 909 странски државјани. Од нив 618 се од машки, а 102 се од женски пол. 161 потврди се издадени на деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 28 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија, потоа Пакистан, Ирак, Палестина и Мали, додека останатите се во помал број.

XS
SM
MD
LG