Достапни линкови

Лавров: дијалог за ставање крај на конфликтот во Сирија


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека тој и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адел ал-Џубеир договориле „практични чекори“ со цел подготвување на „најоптималните услови“ за продолжување на дијалогот меѓу сириската Влада и „целата сириска опозиција“ со последство на Обединетите Нации. Ваквите коментари на Лавров следуваа по неговата средба со саудискиот министер во Москва. Сепак, Џубеир по средбата изјави дека позицијата на Ријад за конфликтот во Сирија не е променета и дека нема месо за сирискиот претседател Башар ал-Асад во иднината на земјата. Русија е долгогодишен сојузник на Асад и ги отфрла повиците на опозицијата и на некои западни земји тој да се повлече. Разговорите со Џубеир беа дел од обновениот дипломатски притисок да се стави крај на конфликтот во Сирија.

XS
SM
MD
LG