Достапни линкови

Иранскиот министер Зариф ја откажа посетата на Турција


Турското министерство за надворешни работри денеска соопшти дека министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф ја откажал планираната посета на Турција. Министерството информираше дека Зариф ја откажал посетата поради проблеми со распоредот, но не беа обезбедени дополнителни детали. Некои турски медиуми пишуваат дека посетата била одложена поради текст кој Зариф го напишал за турскиот опозициски дневен весник „Чумхуријет.“ Во текстот објавен денеска, Зариф ги критикува политиките на САД на Блискиот Исток. Турција и САД се сојузници во НАТО и се договорија да соработуваат во Сирија. Минатиот месец Турција се согласи да ја отвори јужната база за силите на САД и коалицијата да извршуваат воздушни напади против милитантите на Исламската држава во Сирија и северен Ирак. Турција и Иран се на спротивни страни во сирискиот конфликт. Анкара е гласен противник на сирискиот претседател Башар ал-Асад, додека Техеран е од ретките негови сојузници.

XS
SM
MD
LG