Достапни линкови

logo-print

Преструктуирање на „Гугл“


Американскиот технолошки концерн „Гугл“ претстави неочекувано преструктуирање, формирајќи нова матична компанија која е наречена „Алфабет“. Основачот на „Гугл“, Лери Пејџ изјави дека станува збор за поедноставна структура на групата која се занимава со различни бизниси. Според него, новата структура ќе донесе поголема транспарентност, притоа овозможувајќи му на компаниите во „Алфабет“ да „имаат независност и да развиваат свои брендови“. Најголема компанија во „Алфабет“ останува „Гугл“.

XS
SM
MD
LG