Достапни линкови

Без договор за владина коалиција во Турција


Турскиот премиер Ахмед Давутоглу

Турскиот премиер Ахмед Давутоглу

Турскиот премиер Ахмед Давутоглу и лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија Кемал Калачдароглу на синоќешните разговори не успеале да постигнат договор за клучните прашања за составување на коалициска влада, јавуваат турските медиуми. Двајцата лидери се договориле повторно да се сретнат кон крајот на оваа недела. До тогаш, според очекувањата, би било познато дали двете партии ќе се договорат за формирање на коалициска влада или ќе се оди на нови избори.

XS
SM
MD
LG