Достапни линкови

Турција во „синхронизирана војна против тероризмот“


Турција во „синхронизирана војна против тероризмот“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:56 0:00

Турција во „синхронизирана војна против тероризмот“

Во Турција деновиве дојде до бран насилства откако владата во Анкара презеде мерки за справување со милитантите на Исламската држава и нивните поддржувачи дома, со курдските бунтовници, но и со крајната левица. Владината заложба против тероризмот наиде на поделени реакции во турската јавност.

Некои изразуваат поддршка на одлуката на владата да се вклучи во битката против милитантите, но има и такви кои сметаат дека зад неа стојат скриени мотиви.

По неколкугодишно одбивање да преземе активна улога против милитантите на Исламската држава, Турција конечно во почетокот на овој месец се согласи да ја отвори воздухопловната база Инџирлик за полетување на борбени авиони на коалицијата предводена од Соединетите држави во напади против позиции на милитантите.

„Долго време Америка бараше од Турција да ја отвори базата Инџирлик, но Турција не сметаше дека ИД е директна закана и се фокусираше на заштита на националната безбедност и на обезбедување на границата со Сирија и Ирак“, вели Исмаил Капан, директор на весникот „Туркије“.

Турција мора да биде активна во оваа коалиција бидејќи е една од земјите која може да загуби најмногу. Гледате што се случува на нашата граница, што се случува тука, експлодираат бомби, луѓето гинат.
Раиф Копоглу, жител на Истанбул

Соединетите држави сега заедно со Турција работат и на обука и опремување на умерените сириски бунтовници.

Во минатата недела Соединетите држави изведоа прв напад со беспилотно летало врз милитантите во Сирија, раководено од турска територија.

„Турција мора да биде активна во оваа коалиција бидејќи е една од земјите која може да загуби најмногу. Гледате што се случува на нашата граница, што се случува тука, експлодираат бомби, луѓето гинат“, вели Раиф Копоглу, жител на Истанбул.

Како и да е, сево ова доаѓа во време на политичка несигурност и насилства меѓу курдските бунтовници и турските безбедносни сили.

Некои страхуваат дека претседателот Реџеп Таип Ердоган ја користи војната против ИД за да го прикрие обидот да го спречи натамошниот политички напредок на курдите во земјата.

Мислам дека тие ја отворија базата Инџирлик со цел да добијат американска дозвола за справување со Курдската работничка партија.
Локман Екичи, Истанбул

„Политичарите се обидуваат да направат нешто во нивна корист. Не мислам дека е неопходно да ја отвориме воздушната база. Нашата земја може сама да се заштити“, смета Ак Осман, од Истанбул.

Откако Турција влезе во коалицијата против исламските милитанти, американскиот претседател Барак Обама изјави дека го поддржува правото на Анкара да се брани од Курдската работничка партија, но оти инсистира фокусот да биде ставен врз Исламската држава.

„Мислам дека тие ја отворија базата Инџирлик со цел да добијат американска дозвола за справување со Курдската работничка партија“, вели Локман Екичи, исто така од Истанбул.

Во самоубиствениот напад на исламски милитант на 20 јули во Суруч загинаа десетици млади Курди.

Курдската работничка партија ја обвини владата дека им дозволила на исламистите да оперираат во Турција и ги обнови нападите врз турските безбедносни сили. Со тоа Турција влезе во уште еден период на жестоки насилства.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG