Достапни линкови

Во САД обвинети за поддржување на ИД


Американските власти ја продолжија кампања на апсења на осомничени лица кои ги поддржуваат милитантите на Исламската држава со цел спречување терористички напади во земјата. Обвинети се Надер Садех и неговиот брат за кои постои сомневање дека регрутирале војници за да се борат на страната на милитантите. Надер бил уапсен во Јордан, додека неговиот брат во Њу Џерси. Во Лос Анџелес пак Адам Дандач се изјаснил дека бил виновен во случајот за обезбедување финансиска помош за ИД. Обвинетите се соочуваат со повеќегодишна казна затвор.

XS
SM
MD
LG