Достапни линкови

Руски космонаути во вселенска прошетка


S

S

Двајца членови на екипажот излегоа од Меѓународната вселенска станица за да монтираат нова опрема и да ја прегледаат надворешноста на станицата. Генадиј Падалка и Михаил Корнијенко за време на шестчасовната вселенска прошетка монтираа нова опрема која треба на идните членови на екипажот да им ги олесни ваквите прошетки. Тие ја замениле и антената и ги исчистиле прозорците на еден од модулите на станицата. Денешната прошетка беше десетта за Падалка и тој е човек кој досега минал најмногу време во Вселената. Во екипажот на Вселенската станица се уште двајца американски, еден руски и еден јапонски астронаут. Оваа програма е една од ретките која не е загрозена од вложувањето на односите меѓу Русија и Западот поради кризата во Украина.

XS
SM
MD
LG