Достапни линкови

Во два бомбашки напада во Ирак околу 40 загинати


Најмалку 40 луѓе биле убиени во два бомбашки напада во провинцијата Дијала, соопштија ирачките власти. Едниот од нападите се случил во близина на градот Бакуба, околу 60 километри североисточно од Багдад. Полицијата соопшти дека 35 луѓе загинале, додека над 70 биле ранети кога автомобил бомба експлодирал во тамошниот пазар. Вториот напад се случил во едно село каде што бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа при што загинале седум луѓе, а 15 други биле ранети.

XS
SM
MD
LG