Достапни линкови

Грција и кредиторите се договорија за буџетските цели


Грција и меѓународните кредитори во рамките на преговорите за новиот пакет финансиска помош денеска постигнаа договор за конечните фискални цели, соопшти претставник на грчката влада. Според нив, бруто домашниот производ треба да достигне пораст од 0,25 насто оддефицитот забележан во 2015 година. Главна цел е до 2018 година Грција да забележи раст на бруто домашниот производ од 3 ипол проценти. Исто така била постигната согласност дека немало да има воведување на нови мерки во оваа и во идната година. Грција треба да постигне договор со кредиторите за пакетот помош во вредност од 86 милијарди евра до конечниот датум за враќање на долгот спрема Европската централна банка, односно 20 овој месец.

XS
SM
MD
LG