Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: сончево со мала облачност


Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне во западните и југозападните делови од земјава ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 30 до 37 степени. Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

XS
SM
MD
LG