Достапни линкови

Руската економија помала за 4,6 отсто


Руската економија во вториот квартал од 2015 година е за 4,6 проценти помала во однос на истиот период од минатата година, покажуваат официјалните податоци на Владата. Прелиминарната оценка објавена денеска од страна на официјалната агенција Ростат, следи по пoмалку драматичниот пад на руската економија во првиот квартал годинава што изнесува 2,2 отсто. Падот за 4,6 проценти на Бруто домашниот производ е најострата квартална контракција на руското БДП во последните шест години. Претходно, руската влада прогнозираше контракција од 4,4 отсто. Руската економија претрпе штети како резултат на падот на цените на нафтата и поради санкциите на Западот поради мешањето на Русија во Украина.

XS
SM
MD
LG