Достапни линкови

Нови напади на ПКК врз турската полиција


Илустрација.

Илустрација.

Бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК) денеска изведоа два истовремени напади врз командата на жандармеријата и врз полицијата во градот Лиџе, во округот Дијарбекир, во југоисточна Турција, соопшти турскиот телевизиски канал НТВ. Во нападот нема настрадани. Бунтовниците од ПКК Со фрлачи на гранати ги гаѓале зградите на командата на жандармеријата и полицијата. Безбедносните сили соодветно одговориле на нападот. Дел од курдските сепаратисти успеале да избегаат. Преземена е опсежна акција на фаќање на напаѓачите. Нападите во Лиџе се последните денешни напади преземени од ПКК врз турските сили за безбедност. Во атентати во различни делови на Турција денеска загинаа вкупно осум лица.

XS
SM
MD
LG