Достапни линкови

Истакнат сириски активист ослободен од затвор


Истакнатот сириски активист за човекови права и новинар Мазен Дарвиш е пуштен на слобода по повеќе од три години поминати во затвор. Неговата сопруга Јара Баде изјави дека тој бил ослободен во пресрет на конечнат пресуда на случајот на 21 август. Дарвиш пред неговото апсење заедно со уште дбвајца негови колеги, беше директор на сирискиот Центар за медиуми и слобода на изразување. Тој беше отворен критичар на острите мерки на Владата за време на протестите против претседателот Башар ал-Асад во март 2011 година. Дарвиш има добиено повеќе награди за својата работа, вклучително годишната награда на УНЕСКО која се доделува во мај. Спореде сисриската Опсерваторија за човекови права, околу 200 илјади луѓе се наоѓаат во сириските затвори и објекти за безбедност.

XS
SM
MD
LG