Достапни линкови

Нови жртви во украинскиот конфликт


Еден украински војник загина, а девет се повредени во последните судири меѓу украинските вооружени сили и сепаратистите поддржани од Русија во регионот Доњецк, велат украински претставници од армијата. Портпаролот на армиските сили Владислав Селезниов, денеска изјави дека украинските сили успеале да ја задржат контролата над градот Старогнатовка, по нападот на сепаратистите. Градот се наоѓа на половина пат меѓу Доњецк кој е под конторла на сепаратистите и Мариупол кој го контролира Киев. Андриј Лушенко- портпарол на украинскиот претседател Петро Порошенко, во Киев изјави дека повеќе од 400 сепаратисти поддржани од 10 тенкови и 10 оклопни возила ги нападнале украинските позиции во текот на ноќта. Според него „непријателот претрпел сериозни штети во персонал и опрема.“ Во меѓувреме, де факто министерот за одбрана во сепаратистичката Народна Република Доњецк, Едуард Басурин, рече дека силите под негова команда запреле обид за напредок на украинските сили во областа. Според него, украинските сили загубиле два тенка, едно оклопно возило и камион што носел проектил.

XS
SM
MD
LG