Достапни линкови

Жени го извршиле нападот на конзулатот на САД во Истанбул


Нападот врз конзулатот на САД во Истанбул го извршиле две жени, од кои едната е уапсена, потврдено е денеска од кабинетот на гувернерот во Истанбул, а за нападот е обвинета радикалната марксистичка група Револуционерен народен ослободителен фронт (ДХКП-Ц). Една од напаѓачките подоцна е фатена во блиската зграда и е хоспитализирана, јави Анадолија, наведувајќи дека е идентификувана како Хатисе Асик, 42-годишна и дека е припадничка на забранетата ДХКП-Ц. Од кабинетот на гувернерот е соопштено дека полицијата е во потрага по друга жена која учествувала во нападот. Во претходен извештај се наведува дека нападот врз Конзулатот во истанбулскиот дистрикт Сариер го извршиле маж и жена и оти никој не е повреден во тој напад, што уследи неколку часа по бомбашкиот напад врз полициска станица во истиот град, во кој се убиени тројца напаѓачи и еден полициски службеник, а ранети се десет лица. Истанбулската полиција потврди во соопштение дека тројца полицајци и седум цивили се ранети во експлозијата.

XS
SM
MD
LG