Достапни линкови

Најмалку 15 загинати на концерт во Узбекистан


Градот Ургенч.

Градот Ургенч.

Најмалку 15 луѓе загинале во градот Ургенч во западен Узбекистан, откако мост се урнал за време на концерт, а гледачите паднале во езеро, велат узбекистански официјални лица. Извори од Министерството за итни ситуации на Азербејџан за Радио Слободна Европа изјавија дека 17 луѓе биле хоспитализирани. Инцидентот се случил за време на концерт на популарен локален пејач во градскиот парк во Ургенч, каде над вештачките езера се протегаат мостови. Нема официјална изјава за бројот на жртвите. Но, очевидци велат дека бројот би можел да стигне до 30.

XS
SM
MD
LG