Достапни линкови

Горивата поевтинуваат на полноќ


Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи од ноќеска на полноќ бензините да бидат поевтини за 3,5 денари за литар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 2 денари. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 69 ден за литар. Новата цена на Евродизелот ќе биде 51 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство 39,50 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,404 ден за килограм, во однос на претходно утврдената цена и сега ќе изнесува 23,287 денари за килограм. Намалувањето се должи на пониската цена на нафтата на светските берзи во изминатиот 14-дневен период и на понискиот курс на денарот во однос на доларот.

XS
SM
MD
LG