Достапни линкови

logo-print

Талибанците одговорни за експлозијата во Кабул


Портпаролот на Талибанците ја потврди одговорноста за големата експлозија која погоди контролен пункт пред влезот на аеродромот во Кабул. Властите соопштија дека најмалку пет луѓе се загинати, а најмалку 16 се повредени при експлозијата на автомобил во самоубиствен напад. Информациите за бројот на жртвите се уште се потврдуваат. Официјален претставник од Министерството за внатрешни работи е цитиран како вели дека „меѓу жртвите има цивили и претставници на безбедносните служби.“ На местото на настанот имало голем број на амбулантни возила. Портпаролот на Талибанците Забихула Муџахид изјави дека нападот бил насочен кон патници на две возила кои сите биле странци. Тој негираше дека биле убиени Авганистанци. Авганистанското Министерство за внатрешни работи го осуди нападот како „гнасен“, велејќи дека тоа е „против вредностите на човештвото.“

XS
SM
MD
LG