Достапни линкови

Во Баку уапсени осомничени за претепаниот новинар


Полицијата во Азербејџан уапси неколку лица осомничени за суровото претепување на новинарот, кој подоцна почина во болница. Медиумите во Азербејџан денеска цитираат полициски извори од Баку како велат дека еден од приведените осмничени е Елшан Исмаилов, братучед на Јавид Хусеинов, познат играч од фудбалскиот клуб Кабала. 30-годишниот новинар Расид Алијев вчера почина во болница во Баку, откако претходниот ден беше претепан. Додека бил во болнца, Алијев рекол дека неговите напаѓачи се поддржувачи на Хусеинов, во врска со критиките на Хусеинов коишто Алијев ги објавил на неговата страница на Фејсбук. Од фудбалскиот клуб Кабала денеска соопштија дека Хусеинов е суспендиран дедека истрагата биде завршена. Хусеинов излезе со изјава дека негирајќи било каква вмешаност во нападот.

XS
SM
MD
LG