Достапни линкови

Охрид му ги скастри крилјата на превозникот „Галеб“


Превозникот „Галеб“ од Охрид се жали дека им биле одземени речиси сите линии во општинскиот сообраќај. Од Општината велат дека постапката била транспарентна.

Автобускиот превозник Галеб од Охрид реагира дека постапката за доделување на линии за вршење општински јавен превоз од страна на Општината Охрид имала голем број недоследности и се косела со законот.

Со една одлука на Галеб му беа одземени сите линии во општинскиот сообраќај, а некои од нив компанијата ги одржуваше над 40 години. Одговорно тврдам дека Комисијата им прогледа низ прсти на одредени превозници кои воопшто не ги исполнуваа потребните услови.

Директорот на Галеб, Димитар Василевски бара Советот да ја поништи целата постапка. Една од најголемите грешки е што се дозволува во општинскиот превоз да се вклучат комби возила 8+1 кои со закон се забранети да се употребуваат во вршење на редовен општински и меѓуопштински превоз, а за што минимален капацитет на превозното средство пропишан со закон е 16+1, вели Василевски.

​„Го повикувам градоначалникот и Советот на Општина Охрид да го поништат овој скандалозен јавен повик. Да се повлече одлуката за општински јавен превоз и во подготвувањето на новата предлог одлука да бидат вклучени и превозниците, бидејќи актуелната има доста незаконски членови и е многу штетна за легалните превозници на кои јавниот превоз им е примарна дејност и возат преку цела година“, рече Василевски.

Целата постапка за избор на превозниците беше крајно транспарентна и се одвиваше со наддавање на системот за Е – Аукција.

Тој и со други објаснувања за ваквите нивни барања.

„Во член 8 од одлуката за вршење општински превоз донесена од Советот на општина Охрид стои дека истиот може да ги продолжи, да даде нови или да ги скрати постоечките линии. Со една одлука на Галеб му беа одземени сите линии во општинскиот сообраќај, а некои од нив компанијата ги одржуваше над 40 години. Одговорно тврдам дека Комисијата им прогледа низ прсти на одредени превозници кои воопшто не ги исполнуваа потребните услови“, вели Василевски.

Бидејќи во изјавата Василевски го цитира Законот за превоз во патниот сообраќај во измените на Законот за превоз стои дека за општински линиски превоз на патници, превозникот треба да е сопственик на две или повеќе регистрирани возила или да има договор за лизинг за возила со најмалку 8+1 седиште. Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај Општина Охрид распиша Јавен повик за општински линиски превоз, а не меѓуопштински линиски превоз како што стои во обвинувањето на АД „Галеб“ Охрид, реагираат од локалната самоуправа во Охрид.

„Истакнуваме дека во отворањето на понудите од страна на превозниците кои учествуваа на Јавниот повик за општински линиски превоз на патници претставникот на АД „Галеб“ кој беше присутен немаше никакви забелешки за целиот тек на постапката. Целата постапка за избор на превозниците беше крајно транспарентна и се одвиваше со наддавање на системот за Е – Аукција“, додаваат од Општината.

XS
SM
MD
LG