Достапни линкови

logo-print

Полицијата го пронајде телото на девојчето од Шипковица


Утрово пронајдено е телото на пет и пол годишната Рина од Шипковица, која исчезна за време на поплавата минатата недела во Тетовско, потврди СВР Тетово. Според првичните информации, денеска околу 11 часот и 30 минути полициски екипи во подрум од куќа во соседството ја пронашле пет и пол годишната Рина, која беше исчезната при големото невреме што во понеделникот ја зафати Шипковица и повеќе други места во Тетовско. Полицијата го обезбедува местото и допрва ќе се изврши увид на самото место од јавен обвинител, екипа на СВР Тетово и лекар по судска медицина. Рина е шестата жртва во поплавите во тетовско.

XS
SM
MD
LG