Достапни линкови

Нов инцидент на границата меѓу Киргистан и Таџикистан


Киргистански граничар е ранет од огнено оружје во близина на границата меѓу Киргистан и Таџикистан. Службата за гранична полиција на Киргистан денеска соопшти дека инцидентот се случил кога киргистански гранични полицајци во јужниот регион Баткен се обиделе да спречат нелегално преминување на границата од страна на 15 Таџикистанци. Еден од нив бил уапсен, а останатите успеале да избегаат. Наводно еден пукал од територијата на Таџикистан и во нога го повредил киргистанскиот полицаец. Инцидентот се случува во момент кога официјалните претставници од Таџикистан и Киргистан се обидуваат да дискутираат за намалување на тензиите во врска со неодамнешните прекугранични насилства.

XS
SM
MD
LG