Достапни линкови

Прилепската болница страда од многу болести


Прилепската болница функционира со блокирана сметка, недостаток на стручен кадар, без доволни лекови и материјални за работа, без современа опрема.

Прилепската болница година ипол работи со блокирана сметка. Нема доволно лекови и материјали за работа. Практика е при секое хоспитализирање пациентот голем дел од терапијата да си ја купи сам, иако е осигуреник и треба болничкото лекување да биде на товар на Фондот за здравство.

Во тек е преземањето на лекари од приватно во јавно здравство, во прилепската болница во тек е преземање на кожен лекар, има најави за уште два-тројца други специјалисти, тоа е еден од начините со кои се обидуваме да добиеме готов специјалистички кадар, којшто би можел одма да почне да работи.
Илија Богатиноски, директор на Прилепската болница.

Опремувањето на болницата согласно со современите стандарди, е далечна визија и желба на специјалистите, кои работат во тешки услови, борејќи се со премногу дежурства и лоши услови за работа. На оваа слика реагираат и пациентите и вработени. Но, директорот Илија Богатиноски, вели дека и покрај проблемите и блокираната сметка, болницата работи непречено.

„Со овој буџет што го имаме и она темпо што го исплаќаме, некаде по нова година, ќе се одблокира сметката“, вели директорот Богатиноски.

Илија Богатиноски, директор на болницата во Прилеп.
Илија Богатиноски, директор на болницата во Прилеп.

Кадровскиот проблем е исто така голем проблем, недостигаат најмалку 20 специјалисти и тоа во сите болнички оддели. Одделението за уво, нос и грло има ограничен број доктори, како и одделот за очни болести, а бројот на пациенти со многу заразен очен вирус, расте рапидно.

Кога се одвојуваат шест милиони евра за фонтаната на најголемата хуманистка Мајка Тереса, за која за разлика од власта на Груевски, материјалната корист била непозната, мора да се покаже барем малку грижа и одговорност за здравјето на прилепчани.
Сашо Велески, СДСМ-Прилеп.

„Анализите се пратени во Скопје, во министерството, очигледно е дека недостига кадар, а во тек и преземањето на лекари од приватно во јавно здравство, во прилепската болница во тек е преземање на кожен лекар, има најави за уште два-тројца други специјалисти, тоа е еден од начините со кои се обидуваме да добиеме готов специјалистички кадар, којшто би можел одма да почне да работи“, вели Богатиноски.

Поради сите овие проблеми во прилепската болница, кои станаа со години секојдневие, со жестоки реакции се огласија и прилепските социјалдемократи, особено деновиве, кога во болницата се случи да нема ниту реагенси за анализи на крвни слики.

„Револтот на граѓаните од Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани е огромен поради крајно неодговорното однесување на Никола Груевски, за кого здравјето на прилепчани очигледно не вреди ништо. Кога се одвојуваат шест милиони евра за фонтаната на најголемата хуманистка Мајка Тереса, за која за разлика од власта на Груевски, материјалната корист била непозната, мора да се покаже барем малку грижа и одговорност за здравјето на прилепчани“, реагира Сашо Велески, лидерот на прилепските социјалдемократи.

А, од општинскиот комитет на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, ги обвинуваат своите опоненти дека со, според нив,неаргументирани лаги, манипулации и напади се обидуваат да ја дефокусираат јавноста, од нивната неинвентивност и способност да предложат нешто ново со кое ќе го подобрат животот на граѓаните.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG