Достапни линкови

Панорамска коцка за уникатност


Местото каде се гради Панорамското тркало во Скопје.

Местото каде се гради Панорамското тркало во Скопје.

Читателите коментираат на прашањето дали на Скопје му е потребно панорамско тркало кое ќе чини над 17 милиони евра? Зошто земјата се декларира како земјодлеска, а увезува храна, пишуваат за акцијата на МВР против радикални структури, како и за „криминалните“ закони.

Кога секој пороен дожд ни носи страшни поплави предизвикувајќи дури и човечки жртви, како, на пример, последниот во тетовските шарпланински села, во Хајд-паркот на РСЕ го поставивме токму тоа прашање: Дали на Скопје му е потребно панорамско тркало кое ќе чини над 17 милиони евра?

Глупаво е да имаш круг панорамски, тој нема агли и во него глупоста тешко се сокрива.

Инвентивниот Џони од Влае предлага да си направиме Панорамска коцка со која ќе бидеме уникатни, како што сме уникатни во демократијата, национализмот, со спомениците, со патриотизмот.

„Глупаво е да имаш круг панорамски, тој нема агли и во него глупоста тешко се сокрива“, напишал Џони од Влае на нашата веб-страница.

А Жика од Скопје лапидарно забележал: „Село гори, баба јава коњ!“ Иван Јованов, пак, на нашата Фејсбук страница постирал: „Тоа е исто како човек што нема автомобил да има потреба од тркало со алуминиумски бандажи“, а Ернел Дураковски запишал: „Пред да одат во затвор Латас, Грујо, Ставре, Миленко, Јади бурек, Пешевски, Амди... ќе ги повртиме малку“. Ванчо Вранишковски Коде е малку поумерен во своето гледање: „А, која влада досега инвестирала во луѓето?“

Интересни коментари сте постирале, почитувани, на Фејсбук страницата на РСЕ во врска со текстот „Македонија земјоделска увезува храна за стотици милиони евра“. „Другите земји го немаат Скопје 2014, немаат тркала...“- запишал Никола Митков, а Панде Лазаревски смета дека „од овдешната мафија никој не се осмелува да инвестира, во Африка има повеќе сигурност“.

Интересно, колку млади од Македонија загинаа во Сирија и за ИСИС... Сега на МВРО им текна да спроведат акција во државата Пржино против ИСИС. Сите состојби во ИВЗ ги знаат повеќе од една година. Браво. Сега се чувствувам безбедно.

На веб-страницата Гошо ја коментирал информацијата за акцијата на МВР во неколку наши градови во која беа уапсени повеќе осомничени за членување во организацијата Исламска држава. „Интересно, колку млади од Македонија загинаа во Сирија и за ИСИС... Сега на МВРО им текна да спроведат акција во државата Пржино против ИСИС. Сите состојби во ИВЗ ги знаат повеќе од една година. Браво. Сега се чувствувам безбедно“, пишува со иронија Гошо.

Фановите на РСЕ на Фејсбук постирале коментари и во врска со разговорот со Марјан Ненов од движењето „Уа лопови“ за тоа дека државата ги тера да плаќаат и граѓаните исклучени од системот на парно греење. Нена Трајкова смета дека „законски ни ја пијат крвта“, а Ванчо Дојранлиев напишал дека „сами си ги гласаат криминалните закони... треба сите да се укинат кога ќе заминат во заборав...“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG