Достапни линкови

Во Турција убиени четворица полицајци


Четворица полицајци загинале во напад во турскиот округ Шарнак во југоисточниот дел од државата, јавуваат турските медиуми. Нападот бил извршен со експлозив активиран при минување на полициско возило во реонот на градот Силопи. Засега нема информации кој е одговорен за нападот, но во тој реон е активна Курдската работничка партија која во последно време ги интензивира нападите врз турските сили за безбедност.

XS
SM
MD
LG