Достапни линкови

ЕУ има високи очекувања дека договорот за излез од кризата ќе се почитува. Тие сега тестираат дали лидерството го спроведува договореното, а ако процесот запре ќе следува меѓународен притисок.

Договорот од 2 јуни и протоколот имаат кратки рокови и напорна работа се очекува од политичарите во вашата земја. Немојте да не разочарате. Ова накратко е пораката што ја упати Жан Аселборн, министер за надворешни работи на Луксембург, земја што во моментов претседава со Европската унија, во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Имено ако се гледа по медиумите што ја поддржуваат власта и нивната екстремно негативна кампања со која постојано се сатанизираат секакви сегменти, особено политичкиот противник, јас не верувам дека ќе има нешто од овој договор.

Тој потсетува дека партиите се обврзаа на придржување на договорот целосно и со добра волја и, како што вели, ЕУ има високи очекувања од лидерите и многу силно ќе инсистира договореното да биде спроведено.

Аналитичарите, пак, во разговорите на работната група досега и во атмосферата што се креира во општеството не препознаваат добра волја и сигурност дека договореното ќе биде и спроведено.

„Јас сум песимист дека ќе се направи тоа што е обврска. Имено ако се гледа по медиумите што ја поддржуваат власта и нивната екстремно негативна кампања со која постојано се сатанизираат секакви сегменти, особено политичкиот противник јас не верувам дека ќе има нешто од овој договор и јас очекувам да се комплицира состојбата во следниве месеци“, оценува професор Мерсел Биљали.

Доколку видат дека тешко оди спроведувањето на договорено тие ќе се префрлат на вториот чекор, а тоа е зголемување на притисокот од страна на меѓународниот фактор.

Аселборн во интервјуто нагласува и дека лидерството во Скопје мора да биде свесно дека договорот од 2 јуни и протоколот од 15 јули се само почеток. Според политиколот Митко Гаџовски првиот чекор што го презема Европската унија е токму тестирањето на волјата на домашните политички лидери за спроведување на договореното.

„Доколку видат дека тешко оди спроведувањето на договорено тие ќе се префрлат на вториот чекор, а тоа е зголемување на притисокот од страна на меѓународниот фактор и секако дека се доведува во прашање извештајот за Република Македонија во октомври затоа што ние до 15 септември треба да имаме спроведено неколку клучни работи од договорот од Пржино, така што дотогаш веќе ќе има некоја слика во врска со тоа дали ние сме го спровеле тоа што сме го договориле“, вели Гаџовски.

И самиот Аселборн вели дека сега договореното треба да бидат целосно спроведено и оти ќе биде тешко за комесарот Хан да формулира позитивна препорака во октомври ако домашната ситуација се влоши дотогаш. Одговорноста да и се овозможи на комисијата да ја повтори препораката лежи кај политичките лидери во вашата земја, додава тој.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG