Достапни линкови

Бомбашки напад врз полициска станица во Турција


Во бомбашки напад врз една полициска станица во Истанбул биле повредени петмина полицајци и двајца цивили. Турската државна агенција Анадолијаобјави дека нападот се случил во истанбулското предградие Султанбејли. Експлозијата предизвикала пожар по што еден дел од трикатната зграда се урнал. Никој досега не ја презел одговорноста за нападот до кој доаѓа во време на судири меѓу турските безбедносни сили и бунтовници на Курдската работничка партија и на зголемено турско ангажирање во борбата против милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG