Достапни линкови

logo-print

Убиен Палестинец кој со нож нападнал еден Израелец


Израелската војска убила Палестинец кој претходно со нож нападнал еден Израелец на Западниот Брег, соопштија израелските власти. Претставник на полицијата изјави дека Израелецот бил полесно повреден и додал дека групата Палестинци го нападнале Израелецот во една бензинска пумпа. Во последниве денови тензиите меѓу Израелците и Палестинците се зголемени откако израелски екстремисти запалиле една палестинска куќа при што загинаа едно девојче и нејзиниот татко.

XS
SM
MD
LG