Достапни линкови

Синот на бугарскиот претседател почина ненадејно од ретка болест


Филип, најстариот од трите сина на бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, ненадејно почина од исклучително ретка болест, без да има какви било симптоми претходno.Смртта на 14-годишното момче се случила како последица на раслојување на аортата, кое предизвикува крвавење низ целото тело. До моментот на несреќата, Филип бил здраво и активно дете, вели извор од претседателскиот кабинет за софискиот весник "24 часа".
„Во овој извонредно тежок момент за нашето семејство, мојата сопруга, нашите двајца синови и јас бараме да бидеме оставени сами да тажиме - беше официјалното соопштение од претседателскиот кабинет.
Момчето починало вчера рано наутро во Третата градска болница во Софија, откако 12 часа претходно било итно донесено во Националната кардиолошка болница и било оперирано, но без успех.

Раслојувањето на аортата е сериозно здравствена состојба и смртноста надминува 80 отсто.

XS
SM
MD
LG