Достапни линкови

10 години затвор за синот на поранешен ирански претседател


Синот на поранешниот ирански претседател Акбар Хашеми Рафсанџани денеска почна да ја одлежува 10 годишната затворска казна поради финансиски криминал, проневера и прекршоци на безбедноста. Мехди Хашеми пред затворот во Техеран изјави дека случајот против него е политички мотивиран. Неговото судење се одржа зад затворени врати. Хашеми беше обвинет за поттикнување немири по иранските спорни претседателски избори во 2009. Тој беше приведен во 2012 година по враќањето од Британија. Рафсанџани кој беше претседател на Иран 1989-1997, укажа на тоа дека пресудата е обид да извршат притисок врз него.

XS
SM
MD
LG