Достапни линкови

logo-print

Голем пожар во јужна Херцеговина


Пожарот што сеуште гори на подрачјето на Требиње,потпомогнат од силниот ветер, се приближува кон Хрватска.

Состојбата во регионот во Требиње е алармантна, јавија агенциите.

Командириот на противпожарната единица од Требиње, Данко Вуковиќ соопшти дека не постои можност за целосно контролирање на огнот и дека пожарникарите се обидуваат да го спречат неговото ширење кон околните села. Тој додаде дека недостапниот терен поради минските полиња го оневозможува гаснењето .

Телевизијата на Република Српска јави дека линијата на фронтот на пожарот изнесува околу 20 километри и дека тој почнува да се шири и кон реонот Коновали во соседна Хрватска.

Реонот на Херцеговина е зафатена од незапаметена суша, што ја зголемува опасноста од избувнување пожари.

XS
SM
MD
LG