Достапни линкови

Убиени над 20 припадници за безбедност на Турција


Најмалку 23 припадници на турските сили за безбедност биле убиени во напади на бунтовници од забранетата Курдска работничка партија (ПКК) од 7 јули до 7 август.

Загинале најмалку 11 цивили, а 101 се ранети. Во тие податоци не се жртвите од самоубиствениот напад на 20 јули во Суруч во кој загинаа 32 цивила.

Турските сили продолжуваат со нападите врз позиции на ПКК во државата и зад границата. Во операциите што почнаа на 1 август убиени се 260 бунтовници и над 400 се приведени. Во турските затвори моментно има 3.788 осудени и 783 приведени членови на ПКК

XS
SM
MD
LG