Достапни линкови

logo-print

Лавров:САД да ја вклучат Сирија во борбата против ИД



САД се неподготвени за вклучување на сириската влада во меѓународните планови за борба против Исламска држава, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров. Говорејќи на Руската телевизија Лавров кажа дека разговарал за предлогот на претседателот Владимир Путин за координирање на напорите против Исламска држава, за време на неодамнешната средба во Катар, со американскиот државен секретар Џон Кери. "Го прашав дали не би било полесно да се постигне договор, да седнат на преговарачка маса и да разговараат за вклучување на сириската армија", изјави Лавров, дополнувајќи дека Американците не се подготвени за тоа." Лавров изјави дека тој, исто така, изразил загриженост во врска со одлуката на САД да обезбедат воздушна поддршка за сириските опозициски групи кои се борат против владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

XS
SM
MD
LG