Достапни линкови

Стразбур ја казни Македонија за случајот со судијата Митриновски


Судот за човекови права во Стразбур ја казни Македонија со 4.000 евра одлучувајќи по жалбата на поранешниот претседател на Апелациониот суд Скопје, Јордан Митриновски, за неговото разрешување од судиската функција во 2011 година, објави Академик.

Во пресудата е утврдена повреда на правото на фер судење од аспект тоа што тогашниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, се јавува и како иницијатор на постапката за дисциплинска одговорност на Митриновски и како член на Судскиотсовет на РМ кој подоцна одлучува по таа иницијатива и носи одлука за негово разрешување.

Судот во својата пресуда оценува дека Митриновски имал легитимна основа да стравува дека претседателот на Врховниот суд бил веќе лично убеден дека тој треба да биде разрешен поради професионална грешка пред да дојде прашањето до Судскиот совет.

XS
SM
MD
LG