Достапни линкови

Претепаниот азербејџански новинар починал


Азербејџански новинар, кој, наводно, бил нападнат и претепан од поддржувачите на еден локален фудбалер починал од повредите. Новинарот Расим Алиев починал во Баку денеска во болница откако бил претепан претходниот ден, изјави негов роднина.Тој верува дека нападот бил извршен од поддржувачите на фудбалерот Џавид Хусеунов како одмазда за критиките за Хусеунов кои Алијев ги објавил на неговата Фејсбук страница. Хусеунов не ги коментираше обвинувањата. Властите го испитуваат случајот.

XS
SM
MD
LG