Достапни линкови

Ирак:Реформи како одговор на протестите


Премиерот Хајдер ал Абади предложи спроведување поголеми владини реформи, како одговор на бранот масовни протести во последните недели. Премиерот Хајдар ал Абади повика на елиминирање на позициите на заменик-претседателот и заменик-премиерот , како начин за намалување на трошоците и борбата против корупцијата. Ирак има три потпретседатели и тројца вицепремиери. Политичкиот ривал на Абади - поранешниот премиер Нури ал-Малики - во моментов е заменик-претседател на Ирак. Претходно овој месец, вицепремиерот за енергетика ја обвини владата на Малики поради големи загуби од приходите од нафта во периодот меѓу 2004 и 2014 година. Во петокот илјадници Ирачани во целата земја протестираа против корупцијата и лошите владини услуги

XS
SM
MD
LG