Достапни линкови

Обама:има шанси за подобри односи со Иран


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека е можен конструктивен однос со Иран поради постигнатиот договор за намалување на нуклеарната програма на Техеран. Но, тој не мисли дека таков однос ќе започне веднаш. Во интервју за Си-Ен-Ен што ќе биде емитувано денеска Обама рече дека нуклеарниот проблем мора да се реши. Тој оцени дека со договорот меѓу Иран и светските сили за укинување на економските санкции на Техеран во замена за рестрикциите за нуклеарната програма на земјата, таа цел е постигната , подобро од било која алтернатива.Сепак Републиканците во голема мера се обединија против договорот, како и некои од Демократите на Обама. Обама вели дека по договорот за иранското нуклеарно прашање возможно е да се отвори поширока дискусија со Иран и за други прашања. Тој ја именуваше Сирија како пример.

XS
SM
MD
LG