Достапни линкови

Уништени возила на ОБСЕ во Доњецк


Четири оклопни возила на Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) биле уништени синоќа во источниот украински град Доњецк.
Мисијата соопшти дека возилата биле уништени во текот на ноќта во очигледно подметнат пожар во резиденцијата на мисијата во Доњецк. Мисијата претходно објави дека има значителни зголемувања на нарушувања на прекинот на огнот во и околу аеродромот во Доњецк. Набљудувачката мисија е задолжена за надгледување на спроведувањето на договорите од Февруари за воспоставување примирје по конфликтот меѓу украинската влада и Русија, поддржан од сепаратистите во источниот дел на земјата.

XS
SM
MD
LG