Достапни линкови

logo-print

Неизвесна судбината на киднапираниот Хрват


Судбината на 31-годишниот хрватски државјанин Томислав Салопек, кој на 22 јули беше киднапиран во Египет од припадници на египетскиот огранок на џихадистичката група Исламската држава, останува неизвесна и покрај напорите на Загреб и Каиро за решавање на оваа тешка ситуација, јави Танјуг.

Египетските власти ја интензивираа потрагата по Салопек, во која се вклучени и хеликоптери од типот „Апачи“, а безбедносните сили претресоа неколку локации, кои важат за упоришта на терористите.

Француската амбасадорка во Хрватска, Мишел Бокоз синоќа изјави дека во „последните николку часа дошло да значаен напредок“ во преговорите со екстремиситите за ослободување на киднапираниот Салопек.

Салопек, кој работи за една француска компанија во Египет, беше киднапиран во близината на Каиро,

Крајниот рок на ултиматумот истече во петокот во 17:35 часот по средноевропско време, ни засега нема официјални информации за судбината на Салопек.

Хрватските медиуми вчера повикувајќи се на сајтот Њуздеј247, објавија дека џихадистите го убиле Салопек и дека наводно се појавиле и фотографии на обезглавениот Хрват, но веродостојноста на овие информации не е потврдена

XS
SM
MD
LG