Достапни линкови

logo-print

Нагасаки:70 години од атомската бомба


Во Јапонија е одбележена 70 годишнината од нападот со атомската бомба врз јужниот град Нагасаки.Десетици илјади луѓе меѓу кои преживеаните и роднините на жртвите присуствуваа на комеморацијата и ја одбележаа годишнината со минута молчење во 11:02, часот по локално време ,односно 3:04 по средноевропско време,точно во времето кога атомската бомба падна врз Нагасаки при што загинаа повеќе од 70.000 луѓе.Јапонија по шест дена откако беше фрлена атмоската бомба врз Нагасаки потпиша капитулација со што заврши Втората светска војна. Првата атомска бомба падна во Хирошима три дена пред Нагасаки кога беа убиени 140.000 луѓе.Во својата порака по повод овој ден генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун ги повтори повиците да се укине нуклеарното оружје.

XS
SM
MD
LG